КУМАНОВО ДОБИ СПЕЦИЈАЛНО КОМБИ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, ДОНАЦИЈА НА АМБАСАДАТА НА ШВАЈЦАРИЈА

0
164

Дневниот центар за лица со попреченост во Куманово, доби специјално комби возило за потребите на Центарот. Оваа активност се спроведува согласно проектот „Социјална инклузија на корисници на Дневни центри за лица со попреченост и подобрување на социјалните услуги преку подобрување на нивниот транспорт“ на Североисточен плански регион со Швајцарска агенција за обнова и развој, поддржана од Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија и Министерството за локална самоуправа.

Целта на проектот е подобрување на квалитетот на постоечките социјални услуги и создавање на предуслови за пристап кон услугите на поголем број на корисници, со посебно внимание кон ранливи категории на лица од Североисточниот регион.

Во рамките на проектот набавени се три специјални комби возила со рампа за Центри за социјални работи со Дневни центри за лица со попреченост за Куманово, Кратово и Крива Паланка.

Овој проект мора да овозможи услови за социјална инклузија на лицата од идентификуваните ранливи и маргинализирани групи на граѓани, кои подлежат на социјален ризик во функција на обезбедување недискриминација и афирмирање на социјалниот диверзитет.