![](https://narodenglas.com/wp-content/uploads/2024/04/kovachevski-koalicija-sdsm-1024x657.jpg)
-Претседателот Пендаровски ќе биде победничкиот кандидат на овие претседателски избори тоа веќе на сите им е јасно и затоа и таква е нервозата во таборот на нашите политички конкуренти, додаде Ковачевски коментирајќи ги нервозните напади од ДПМНЕ.
Досега Пендаровски води една одлична позитивна кампања од која што сум и јас дел, бидејќи во делот на моите дневни активности и јас сум вклучен заедно со другите кандидати за пратеници и другите партиски активисти во промоцијата и на кандидатот и на неговата програма. Ние присуствуваме на митинзите на претседателот Пендаровски согласно со изборните единици во кој што секој кандидат за пратеник е определен, рече Ковачевски додавајќи дека претседателот Пендаровски апсолутно може самостојно да ја образложи својата програма бидејќи 5 години успешно извршува функцијата претседател на државата.
-Тој има многу јасен план и многу јасна програма за тоа каде треба Македонија да се движи во наредните 5 години, за разлика од неговиот противкандидат кој што нема програма ние не можеме уште да ја прочитаме или да ја најдеме, рече Ковачевски.