Фијат Цаноски до Никола Груевски: Ве прашувам кој ќе ги плати штетите од рушењето на Космос кој се проценети на околу 68.000.000 евра, дали вие лично или заедно со Миле Јанакиевски, или ќе оставите да го платат граѓаните на сиромашна Македонија?

0
1928
Му се исполни желбата на Груевски, еве како изгледа КОСМОС после 5 години, околу 50.000м3 рециклиран бетон на 30.000м2 земја… Само едно ќе го прашам и него и тој малиот министер Миленце, од каде меревте, од кој булевар или улица дека било повисоко за 1.43см?, пишува Фијат Цаноски на својот фејсбук профил.
И тогаш и сега нема ниту булевар, ниту улица… зоштоне сакавте вештачењето од градежен факултет кај што ви објаснуваат како се мери кота нула и каде ви напоменувааат дека објаектот не отстапува ниму милиметар од дозволата за градба???
Зошто вашите градоначалници одма после рушењето ми ги наплатија сите комуналии од 5.200.000 евра и плус камати од 2.000.000 евра кога немаа намера да ги изведат и булеварот и споредните улици, до дден денес немаат превземено никакви активности иако во договорот стои дека се обврзани да ги изведт во рок од 5 години, а тој рок помина???
Зошто вашата УЈП ми наплати 900.000 евра за ддв на рушење кога и тоа не е по Устав и закон да се плаќа ддв на нешто што не постои?, пишува Фијат Цаноски на својот фејсбук профил-пренесува Centarnews. Зошто вршевте притисоци до банките да се распродаде целокупниот мој имот, во вредност од преку 50.000.000 евра, а ваши послушници го проценија за само 9.000.000 евра или па имавтенекој купец од Белизе па сакавте да го земете за БАГАТЕЛА???
Ве прашувам кој ќе ги плати штетите од рушењето на Космос кој се проценети на околу 68.000.000 евра, дали вие лично или заедно со Миле Јанакиевски, или ќе оставите да го платат граѓаните на сиромашна Македонија?
Имам многу други прашања до тебе и Миле, но се надевам ќе имам можност да ве прашам во една судска постапка, кога ќе почне конечно да функционира ова наше политизирано судство…пишува Фијат Цаноски на својот фејсбук профил-пренесува Centarnews. Вистината е како шило, врти врти и ќе си излезе на виделина, некој ќе мора да одговара за тоа што сте направиле на мене и мојата фамилија, а и на цела Македонија… пишува Фијат Цаноски.
Ако некому сеуште не му е јасно дека ова рушење на бизниси и човечки судбини немаше никаква причина освен една, лична и единствена желба на еден нездрав ум кој нажалост станал премиер на државава.
Јас сум немал и немам ништо против ВМРО како партија. Но лидер на една таква партија и лидер на една држава да посакува вакво зло некому од кого практично ниту можел да биде загрозен политички ниту пак можел да биде загрозен лично е тоа е многу загрижувачки.
Јас сум бил во коалиција со нив но ако приметите во вториот сет на бомби додека сум бил во коалиција , година дена пред да го рушат космос и 9 месеци пред да го уапсат Велија истиот овој човек се изживувал со мене.
Се исмејувал и правел сценарија како да ме сруши. Така да сите оние кои мислат дека поради напуштањето на таа коалиција и одење во опозицијата е причината тоа не е точно. Овој човек е злобен и плановите си биле многу одамна за ова сценарио присутни.
Јас ги поздравувам сите мои колеги со кои сум соработувал и од Вмро и од СДСМ и од ДУИ со кои сум коалицирал додека бев политички активен и скоро сите знаат дека јас сум еден од ретките кој се што има створено, буквално се е во оваа држава.
Дека чесно, поштено и транспарентно сум ги почитувал уставот и законските нормативи во се што сум правел и правам.
Иако во оваа наша држава се некако брзо се заборава и поминува сепак народот треба да ги отвори очите а посебно оние кој овој човек ги претставува.
За мене од тој момент кога се одлучи да урива се што со пот и голем труд сум стварал овој човек не е повеќе премиер ниту пак способен да биде мој премиер. Не може ваков човек да претставува држава. Човек кој што срушил 500 работни места и уживал во тоа.
Човек кој што упорно 5 години покушава да ми ги сруши сите мои бизниси од кои голем дел се општествено важни и одговорни институции направени во корист на целото наше општество. НЕЧовек кој става во затвор невини жени и еден куп фамилии. Јас искрено не знам каде ќе му оди душата.
Јас на сите граѓани им посакувам Среќна нова година и среќни божични празници. Да донесат среќа и бериќет кај сите кои живееме на оваа наша мала територија. Но не можеме само да бараме среќа ако пред нас имаме големо зло и голема несреќа која е фатена жива и наместо да се извини, да се повлече, тој упорно , со сите сили оди со главата во ѕид и очигледно е спремен да створи уште поголем зулум само за да си ги покрие своите зла направени врз својот народ и врз својата држава.
Јас искрено верувам дека оваа личност од оваа 2016 ќе ја снема од политичката сцена а народот ќе го казни поради се направено .
Нему и на таквите не им е местото во политиката. За него и таквите има посебни институции.
Фејсбук статус на Фијат Цаноски