ЖЕСТОКА БИТКА СЕ ВОДИ КАЈ ЧЕРНИХИВ И МАРИОПУЛ КАДЕ УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ГИ БРАНИ ОД РУСКИТЕ НАПАДИ

0
488

Генералштабот на украинската армија, утринава, во 6 часот по локално време, го објави својот редовен оперативен извештај за состојбата на теренот, во кој истакна дека нејзините сили водат жестоки битки за одржување на одредени локации и граници.

„Во тек е одбранбена операција во источниот дел на оперативната област Доњецк, а напорите се насочени кон одбрана на градот Мариупол“, соопшти армијата.

Според извештајот, руските сили се запрени во напредувањето кон регионот на Дњепропетровск, а во тек е операција за одбрана на градот Чернихив.

Во извештајот се наведуваат „големи загуби во оружје, опрема и работна сила“, покрај загубите на 88 руски авиони и хеликоптери.

„Некои непријателски пилоти кои се катапултираа и преживеаја беа пронајдени од украински војници. Тие добија медицинска помош и веќе сведочат за злосторствата на режимот на Путин против човештвото“, се наведува во извештајот.

„Поради отпорот на украинскиот народ, руските војници се деморализирани со исклучително ниска морална и психолошка состојба поради свесноста за вистинската состојба на работите“, соопшти украинскиот Генералштаб на вооружените сили.