ДАНЕЛА ЦЕЛ СААТ ПЛАЧЕШЕ НА ТВ КАКО ЗА НИШТО НЕ БИЛА НАДЛЕЖНА НИТИ ГРАДОТ МОЖЕЛ НЕШТО ДА СРАБОТИ, И СЕ ПАДНАЛ ЛОШ ГРАД ДА МЕНАЏИРА : АЛО ЖЕНО, НЕ СИ ВЕЌЕ ШЕФИЦА НА СОЈУЗ НА КОМОРИ, ВОДИШ ИНСТИТУЦИЈА СО 100 МИЛИОНА ЕВРА ГОДИШЕН БУЏЕТ

0
6623

Изгледа скопјани наместо мајка на градот извраа плачка на градот која ќе оди наоколу со месеци и ќе плаче како она за ништо не била надлежна и немала пари немала моќ итн итн…

Ако е така зошто воопшто се нафаќаше за оваа работа??!?!

Вечерва цел еден час таа плачеше на тв и погледнете какви наслови извадија медиумите од нејзиното интервју на ТВ 21:

Арсовска: Политичката игра на “не сме надлежни“ а се надлежни е непримерно и тоа им е јасно на граѓаните

Арсовска: Преседан е Владата да бара спасител од енергетската криза во Град Скопје

Арсовска: Механизмите и средствата за справување со енергетската криза ги има Владата, локалната власт не може да носи национални политики.

Арсовска: Очигледно не е решено загадувањето како што се пласираше изминатите години

Сепак вистината е дека Град Скопје е сериозна институција со годишен буџет од 100 милиони евра плус јавните претпријатија кои вртат уште десетина милиони евра, така што Данела ако сака и ако е способна може да им помогне на Скопјани ама таа нити е способна нити сака нити знае нити може нити има намера да им помогне туку само ќе ја напаѓа владата и ќе плаче и ќе се правда, тоа е нејзината улога да им го направи животот на Скопјани и за тоа да ја обвини владата или нејзиниот претходник.