ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОПЕР, СЛОВЕНИЈА, АЛЕШ БРЖАН МУ НАПРАВИ ГОЛЕМА ЧЕСТ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ КОЈ ЗАЕДНО СО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО ЉУБЉАНА ЗЕЛЕНКОВСКА БЕА НЕГОВИ ГОСТИ

0
187

Заедно со градоначалникот на Копер, Словенија, Алеш Бржан, и македонската амбасадорка во Љубљана, Сузана Зеленковска, остваривме средба со нашите иселеници на којашто разговаравме за актуелните теми кои нив ги засегаат, меѓудругото за одлуката на Владата со која на граѓаните на кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021 година, со цел да излеземе во пресрет на потребите на нашите граѓани кои поради пандемијата беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

После долги години го решивме и големиот проблемот на иселениците, со тоа што покрај 6 мобилни базни станици за документи, ќе има и 10 фиксни базни станици за да нашите иселеници можат во секое време да ги обноват своите документи, а времето за чекање ќе биде намалено.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.