БРАВО ПРЕМИЕРЕ: Преполовена листата на советници на Заев – Верушевски со највисока плата од 74 618 денари, Бошковски, Талески и Хаџиевска 55 268 денари…

0
447

На интернет страната на Владата, поради поголема транспарентност, се објавени нето-платите на вработените во кабинетот на премиерот Зоран Заев, но и на надворешните соработници.

Според листата, поранешниот разузнавач Зоран Верушевски има највисока плата, а тој во владата има функција на советник за национална безбедност и заработува 74.618 денари.

Во просек, платите на другите советници изнесуваат 55.000 денари.

Новиот состав на советници е значително намален од претходниот кој броеше 56 лица и сега има вкупно 23 членови.

Меѓу личните советници на листата остануваат Дане Талески во секторот за меѓународни односи, Тања Чачарова Илиевска за правда, Љубе Бошкоски за странски инвестиции,Љупка Цветковска за администрација, Фидан Колев за транспорт и врски, Зоран Бојаровски за медиуми, Ѓорги Тасев за млади и спорт, Иванна Хаџиевска Кошевалиски за меѓународни односи, Леон Бакрачевски за промоција на евроатлантските интеграции…

Меѓу надворешните соработници (4) најплатена со 50.000 денари е Нина Фити-Неделковска, ќерка на професорот и академик Таки Фити.

Од надворешните советници на списокот се и Раде Јанковски за спречување на корупција во граничното работење, Магбуле Амети за здравство и Татјана Стојаноска Иванова за образование и наука.