Google ја претстави Sidewalk Labs – Нова компанија за подобрување на живеењето во градовите

0
1187

Google денеска го најави формирањето на нова компанија која што ќе биде во нивна сопственост чија што цел ќе биде унапредување на животот во градовите искористувајќи го развојот на технологијата.

Компанијата, која што го носи името Sidewalk Labs, е со седиште во Њујорк и ќе биде водена од страна на Dan Doctoroff кој што е поранешен директор на Bloomberg, како и поранешен заменик градоначалник задолжен за Економски развој и изградба на градот Њујорк.

google-sidewalk-labs

Sidewalk Labs ќе го искористи искуството на Doctoroff, како и финансиската моќ на Google во развојот на решенија за намалување на трошоците за живот, намалување на загадувањето, поефикасен јавен превоз, технологии за подобро искористување на енергијата, јавни паркови и повеќе.

Сето ова треба да го донесе денешниот развој на технологијата во корист на подобрување на животот во урбаните средини, односно градовите, каде што се очекува повеќе од 2/3 од светското население да живее до 2050.

Повеќе детали околу работата на компанијата не се откриени во оваа фаза, па останува за истите да читаме во периодот што следи, односно кога ќе има одредени резултати. Лери Пејџ ја споредува компанијата со Google X, исто така посебен дел од Google кој што работи на развој на нови производи, како што беа Google Glass паметните очила.

Sidewalk ќе се фокусира на подобрување на животот во градовите за сите развивајќи урбани технологии кои што треба да ги подобрат проблемите како трошоците за живеење, ефикасен јавен превоз и користење на енергијата. – истакна Лери Пејџ преку неговиот Google+ профил.