На денешното рочиште адвокатите на Љубе Бошкоски обелоденија дека до специјалната обвинителка Катица Јанева ќе бидат доставени 18 транскрипти од „бомбите“ на СДСМ во кои има снимени разговори за договарање судски процеси, пренесува „Телма“.
Во тие разговори се спомнуваат предметите „Ровер“ и „Кампања“ за кои Љубе Бошкоски е осуден на долгогодишни затворски казни.