„ЈуТјуб“ подготвува апликација и страница за гејмери

0
1241

Интернет платформата за споедлување на видео записи „ЈуТјуб“ соопшти дека планира да стартува нова апликација и интернет страница „ЈуТјуб Гејминг“ наменети за љубителите на видео игри.

jutjub-aplikacii-gejmeri-540x320

„ЈуТјуб Гејминг“ ќе има база со листа на веб страници на над 25.000 видео игри и ќе има за цел да им олесни на корисниците да го емитуваат во живо играњето на иргите без претходно закажување на термини, како и отворање на специјални линкови што може да се споделуваат со други корисници.

Новата апликација се очекува да биде претставена ова лето во САД и Велика Британија.

„ЈуТјуб“ со овој проект ќе биде директна конкуренција на „Твич“, гејмерска веб страница, што минатата година ја купи „Амазон“ за речиси една милијарда долари. „Твич“ има околу 100 милиони корисници што месечно прегледуваат околу 1,5 милиони емитувања на игри во живо.