ШОКАНТНА КОЛУМНА НА ГЕРОСКИ : Ако судот не му го даде пасошот на Сашо Мијалков, тоа значи дека судиите се дел од аферата РЕКЕТ?!?!

0
1448

Неверојатна колумна на Бранко Геровски. Тој сега прави невиден медиски притисок врз судот да му го врати пасошот на Сашо Мијалков за да идел на операција во Чешка, и ако не му го врателе пасошот, тоа ќе значело дека Судиите се дел од аферата РЕКЕТ?!?! Односно Геро тврди дека судиите го уценуваат Мијалков, да си плати рекет ако сака да иде да се лекува за да спаси жива глава?!?! Еве што пишува Геровски:

“Сепак, најважна е одлуката на судот. Доколку не му даде на Мијалков можност да се лекува, судот ризикува да фрли сомнеж дека и тој е дел од некаква рекетарска спрега и дека Мијалков е жртва само поради тоа што некому не платил за да си го добие пасошот. Одбраната сепак е уверена дека тоа не е вистина и дека судот нема да си дозволи таква компромитација.”

Геро е во право кога вели дека дури и Сашо Мијалков има право да се лечи, но вакво страшно обвинување на сметка на судиите е нешто неверојатно. Геро почна се што мрда во земјава да го обвинува за рекет, мава со тоа новинарското перо како со сатар и сече глави!