– Ало, шефе, а, бе, сакам да дадам изјава во врска со изборите, но во форма на интервју, прати ми, те молам некое девојче!

0
1055
Мораме да се растуриме

Новинарските асоцијации и женските здруженија би морале да реагираат на страшната злоупотреба на девојчето од Сител од страна на лидерот на злосторничката инсталација на вмро-дпмне. Момето очигледно било намамено во ритуалната соба на сектата или било испратено во договор меѓу раководството на телевизијата и нејзиниот политички продуцент.
-Ало, шефе, а, бе, сакам да дадам изјава во врска со изборите, но во форма на интервју, прати ми, те молам некое девојче!
-Нема грешка, бе,шефе, сакаш да ти дојде со готови прашањата или ти ќе и кажеш што да те праша!?
-Јас ќе и кажам, да не ризикуваме, моментот е многу чувствителен, да не се случи да запнам на некое прашање.
-Договорено.

Така е подготвуван проливот што вчера се излеа во јавниот простор.
Тоа е принципот на партисколидерската и шалабајзерска препарација на стварноста со која потоа се масира простото граѓанство.
Кога просечниот Македонец ќе издржи десет секунди под притисокот на таква ненормалност, тој автоматски станува кретен.
Интервјуто, со други зборови, не е политички или медиумски акт, односно е, но, само како аспект на злосторничкиот потфтат против тоа што вообичаено го викаме здрав разум на питомиот народ: Вадење на чергата на стварноста од под нозете на обичниот човек и подметнување на тенка замена од ретки говна.
Така се формира македонскиот симулакрум, базенот во кој луѓето скокаат и се лепат како флеки на дното.

Оти вода нема.
Балаблабла за изборите, му ги украле ама тој, сепак, бил победник, замислете каков би бил резултатот да не биле “бруталните и недемократски притисоци” од страна на власта, точно е дека рекол дека ќе поднесе оставка о случај на пораз, ама тој негов принципиелен став го поклопува огромната љубов на членството и симпатизерството, на органите телата и цревцата на партијата, бљакбљакбљак, значи нема да не поднесе оставка затоа што победил туку због ради љуаби, негова должност била да остане и да работи во интерес на граѓаните, вмро-дпмне би правел влада само во интерес на граѓаните, блаблабла, уф, сдсм ги поткупувала нивните пратеници, а вмро нивните би ги зеле само врз основа на вредносната ориентација, хахаха, Мијалков, Јанчев, Тодоров и Коневски, биле последниот товар од кој партијата ќе се ослободела до есен, јебо те бог да те јебо, новиот статут на вмро бил демократски врв, тралалаблаблабла, сите требало да го препишат, дури и Партијата на Орбан и на сите европски и светски телетабиси …

И зошто целата овааа претстава со димензии на опасен ментален терор!?
Тоа тешко извртување на стварноста и злоупотребата на девојчето е направена само за да може типот на начин кој нему му се чини адекватен, да каже дека вмро-дпмне нема да прави влада, дека се спрема за опозиција и дека тој ќе биде шеф на таа опозиција ако остане на чело на партијата по жестоките пресметки кај вмронските ок панорами што ќе следат веднаш по илинденските празници, дури и одбивањето на широката коалиција беше обид да се заземе активен став во пасивната позиција во која никој ништо него прашува, а партијата останува аут и по таа основа.

Да се вратам на почетокот.
Таканареченото интервју на Жмицко е мала илустрација на партискополитичката и медиумска агресија со која врз мозокот на граѓаните се нанесува поголема штета отколку врз белите дробови со короната. Жмицко на една, Пандов на втората, третата и четвртата во исто време, Божиновски на петтата, Сузана на шестата телевизија и вие добивате една супер машина за миење на мозоците. Или диппарплска машина за мелење. Таа епидемија трае 30 години.
Во јавниот простор не би смееле да се емитираат вакви содржини.
Коските на мртвите новинарски асоцијации и другите манекенски структури би требало да станат да се набилдаат со месо и да расправаат за овие теми.
Ние сме скроени моделски и се движиме само благодарејки и на инерцијата. Во таков контекст можеби ќе биде тешко да се сфати интенцијата на овој текст, но нема да биде лесно ниту да се скокне. Мораме да се растуриме, бе, другари, тоа е.

Текст на Бранко Тричковски.