ЦИВИЛ: Дали по натпреварот „Шкупи“ – „Вардар“, некој подготвува ново Кале?

0
978

Во пресрет на фудбалското дерби помеѓу ФК „Шкупи“ и ФК „Вардар“ што ќе се одигра во недела во 14 часот на стадионот во Чаир, низ чаршијата се „вртат“ муабети дека на натпреварот и по улиците, ќе има инциденти меѓу навивачките групи „Шверцери“ и „Комити“.

Без оглед на доброинформираната чаршија, искуството зборува дека тоа е веќе испробана метода на политичките партии кои се на власт, кога се доближуваат избори или се случуваат некакви важни политички настани во државата, најлесно се дефокусира јавноста – со активирање на навивачките групи за иницирање инциденти. Натпреварот инаку е од висок ризик, поради актуелните случувања околу изградбата на крстот во Бутел.

shrverceri-do-komiti

Сајтот „Спортски вести“ на Фејсбук, објави фотографија од арената „Филип Втори“, на чија трибина е испишана паролата „Ве чекаме во Чаир п…и!“. Според сајтот тоа е провокација на навивачката група „Шверцери“, упатена кон „Комитите“. Но, прашањето е како успеале да влезат „Шверцерите“  и да ја напишат навредливата паролата, кога на влезот има обезбедување…?

На социјалните мрежи младите веќе почнаа да се препукуваат. Еве, еве само дел од коментарите:

„Македонија на Македонците, била секогаш и ќе остане! Земјо моја знај, ќе те чуваме, сите душмани ќе ги сотреме. Скопје – Тетово, Струга – Гостивар, секој град и село е МАКЕДОНИЈА. Тука сонцето, грее најсилно, стани МАКЕДОНЧЕ ова е твојот ДОМ!!! Само вака смеете да влезете на стадион, а кај сте кога играат Вардар- Шкупи?“

Иако е факт дека многу често има инциденти меѓу навивачите кога играат „Вардар“ и „Шкупи“, надлежните институции засега молчат и нема информација дали на натпреварот ќе има гостински навивачи. Ни од МВР нема никакво соопштение во врска со престојниот натпревар, дали се преземаат некакви посебни мерки за спречување на „најавените“ инциденти? Во меѓувреме, се поставува прашање: дали повторно младите ќе бидат „топовско месо“ на политичарите кои сакаат да си ги сокријат валканите политики…?!

Извор: ЦИВИЛ