„Хелтгрупер“: Македонските лекарите не се безбедни на работа

0
843

Три од четири лекари во Македонија биле изложени на одреден вид насилство од страна на пациентите. Причините за нападите се најчесто поради незадовоството од здравствениот систем во целина што претставува се поголем проблем во државата. Ова го покажува истражувањето на „Хелтгрупер“ за насилството врз лекарите кое е спроведено во текот на месец февруари и март.

Во истражувањето биле опфатени вкупно 240 лекари, одбрани по случаен избор и вработени во јавното и приватното здравство и во сите сектори.

Вкупно 53 отсто од испитаните лекари изјавиле дека се чувствуваат недоволно безбедни на работните места. Од лекарите кои работат во државните здравствени установи, 40,5 отсто изјавиле дека се чувствуваат небезбедно, а во приватните здравствени установи таководговор дале 19,1 отсто.

75 отсто од лекарите во Македонија се соочиле со различни форми на насилство од пациентите. Најчести се вербални навреди и закани, додека кај околу 10 отсто од испитаните лекари се случиле и физички пресметки.

Истражувањето покажува дека 73 отсто од нападите се случуваат во ординациите, додека помалку од 2 отсто се случуваат надвор од работното место.

Како причини за насилството врз лекарите, повеќе од 60 отсто од лекарите наведуваат дека незадоволството од здравствениот систем е причина која ги провоцира пациентите да реагираат насилно.