Фросина Ременски : Ме следи и прислушува тајната полиција

0
1462

FROSINA-655x641

На 6.12.2014 година во полиција и на дежурен полициски службеник во Центарот за обука на МВР, пријавив неовластено влегување во мојот кабинет. Пријавувањето го направив од четврта, игнорирајќи ги претходните влегувања. „Загрижено“ понудија увид, мислејќи дека нешто ми недостасува. Им се заблагодарив укажувајќи дека ништо не ми недостасува, туку дека пронајдов ВИШОК. Бидејќи мојот факултет оддамна нема ректор што треба да се грижи на неповредливоста на универзитетскиот простор, а и да го има нема да каже ништо, (знаејќи во каков криминал го вовлече факултетот), влегувањето го пријавив кај раководството на факултетот.


Денес, имав блиска средба и заемно фотографирање со претставници на „тајната“ полиција кои во невешто „статично и мобилно јапонско следење“ тајно го набљудуваат седиштетот на СДСМ. Ме фотографираа и ги фотографирав. Следува фото албум …

фб статус на подпретседателката на СДСМ Фросина Ременски