(ФОТО) Заев им подели изборна програма на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Росоман

0
966

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, вчера ги изненади членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ во Росоман. Тој се појави на нивниот штанд каде што тие седеа со пропаганден материјал на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и почна да им ја дели  изборната програма „За живот во Македонија“ со која што опозицијата настапува на овие избори, пренесува „А1он“.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ не го очекуваат овој гостин, а бидејќи ги фати неспремнии,  без збор ја зедоа изборната програма и пропаганден материјал на опозицијата предводена од СДСМ.timthumb-1-1-777x437