Спасов: Вистината за Македонија треба да допре и до оние што гледаат само Канал 5, Сител, Алфа и МТВ

0
956

Одличен настап на Оливер Спасовски на Канал 5. Треба да се искористи секоја прилика и секој отстапен и освоен простор за да се говори Вистината за Македонија. Не е тоа легализирање на нивниот медиумски криминал, ниту создавање привид на нормалност, ниту амнестија, туку е борба за секоја педа медиумски простор.

Вистината за Македонија треба да допре и до оние што гледаат само Канал 5, Сител ,Алфа и МТВ. Ако отстапувањето на медиумски простор е резултат на нивниот страв и тоа треба да се прифати како победа. Храброст е да му одите во устата на лавот. И тоа граѓаните ќе го почитуваат.

СДСМ треба да биде присутен во сите медиуми а не само во опозиционите, и за тоа треба да се избори како за свое право. На тие што до сега го игнорираа СДСМ и што натаму го игнорираат, треба да им ја каже вистината в лице, како што и ја кажа Олиевер на Богатинова. Можеби тоа не е секогаш според вкусот на некои фини душички, но, покажувањето малку револт и борбеност не е на одмет.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов