(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕКИПАТА ЗА СПАСУВАЊЕ И ЗАШТИТА ВО АТАРОТ НА С.БОГОРОДИЦА, ГЕВГЕЛИСКО ИСКОПАА ЦЕЛ ШЛЕПЕР БОМБИ ОД 1-ВА СВЕТСКА ВОЈНА

0
1443

Врз основа на пријава од граѓани, на 26 април 2018 година, 4 вработени од Подрачното одделение за заштита и спасување од Струмица, во атарот на с. Богородица, општина Гевгелија, извадија неексплодирани убојни средства ( НУС) и тоа 193 артилериски зрна калибар 120mm, останати од 1. светска војна.
Исто така, во близина на браната “Паљурци” извадена е 1 граната калибар 205mm, исто така од 1. светска војна.
Вкупна тежина на пронајдените НУС е околу 2700 kg.
Акцијата е реализирана во период од 08.00 -18.00 часот.
Дирекцијата за заштита и спасување продолжува активно да ги спроведува своите надлежности, во интерес на безбедноста на граѓаните на Република Македонија.
🇲🇰

Фејсбук статус на директорот за заштита и спасување, Аднан Џафероски