Новоизбраниот специјален обвинител Катица Јанева денеска даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители, со што и формално ја презеде новата должност.
– Им благодарам на сите политички и меѓународни фактори кои застанаа зад мојот избор за специјален јавен обвинител. Му благодарам и на Советот кој ме изгласа за специјален јавен обвинител. Денеска стојам пред вас сама, а за еден месец ќе ме видите со мојот тим позади мене како ќе ги преземеме случаите кои се во наша надлежност и ќе почнеме со работа, рече специјалниот јавен обвинител Катица Јанева по дадената свечена заклетва.
Видео : А1он
Повеќе фотографии од фотогалеријата на порталот ПЛУСИНФО