Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели нови стипендии за студентите по фармација и медицина

0
2139

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и годинава традиционално доделува 35 стипендии, 15 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при УКИМ.

Стипендијата изнесува 6500 денари во текот на 12 месеци.

Живко Мукаетов, генералниот директор на Алкалоид информира дека Фондацијата доделува и еднократна парична награда на првенците на генерациите на овие два факултети во висина од 1200 евра. Годинава оваа награда отиде во рацете на две момчиња, првенци на генерациите. Марко Костовски на Медицински факултет заврши со просек од 9,97.

Никола Јовановиќ од Фармацевтскиот факултет завршил со просек 9,93.  За тоа колку се важни стипендиите од оваа Фондација говори фактот што Јовановиќ е стипендист на „Трајче Мукаетов“ и со вакви успеси докажа дека е направен вистинскиот избор.

stipendisti-so-mukaetov-640x349

Почнувајќи од учебната 2007/2008-ма година, Фондацијата стипендираше вкупно 379 студенти по фармација и медицина. Од нив 250 се веќе дипломирани.

Секоја година, на ваков начин, фондацијата „Трајче Мукаетов“ ја покажува својата одговорност, хуманост и сериозност. Нивните стипендии се од големо значење за студентите, а голем дел од нив по студиите, работат во Алкалоид.