Фалсификувани банкноти од 500 денари кружат низ Македонија

0
1386

petsto-1-630x396

Фалсификувани пари кружат низ Македонија, а најмногу во промет кружат банкноти од 500 денари.

Според фотографиите до кои дојде „еМагазин“, банкнотите тешко може визуелно да се препознаат од обичните граѓани, па и од трговците.

Фалсификуваните банкноти може да се препознаат по квалитетот на хартијата која е потенка и помека и кај заштитната нишка која го нема жигот со број.

Очигледен е фалсификатот и со потписот на гувернерот, а фалсификуваните пари дури имаат и воден жиг. Банкнотите на фотографиите се пронајдени во дуќан во населбата Автокоманда.

petsto-3