ТРАОРНО СВЕДОШТВО НА ЕДНА РОДИЛКА : Близначињата ми починаа од инфекција добиена на гинекологија

0
2191

Скопјанката Елена Ѓурчиноска тврди дека двете новороденчиња, близначиња и починале од болничка инфекција добиена на Клиниката за гинекологија. Родилката обвинува дека нејзините две предвреме родени близначиња починале од бактерија која ја добиле од инкубаторот.

bolnica

Елена  за НОВА ја раскажа својата потресна приказна. Оваа 32 годишна девојка со телесен инвалидитет одлучила да забремени со вештачко оплодување, во приватна болница .

Ин витро направила приватно, не на товар на Фондот за здравство и сето тоа ја чинело околу 4000 евра. Но, се породила пред време бидејќи добила силни болки во стомакот, а лекарите констатирале дека и пукнала постелката . Елена тврди дека после породувањето со царски рез нејзините две женски бебиња поради малата родилна тежина биле ставени во еден инкубатор, каде што заедно останале три дена. По три дена, односно, ден пред да го исклучат од машина за дишење едно од бебињата кое напредувало повеќе, лекарите ја известиле дека децата имаат тешка инфекција.

„После три дена ми кажаа дека бебињата имаат тешка инфекција . Не разбирам од каде. Јас забременив ин витро, со непознат донатор немам партнер веќе две години кој би можел да ми пренесе инфекција, ги правев сите редовни контроли и ниту еднаш не ми беше најдена бактериска инфекција. Со документи можам да докажам дека не сум имала никаква инфекција“, раскажува за НОВА Ѓурчиновска.

Утредента следувал уште еден шок . И јавиле по телефон дека  бебето починало.

„Кога отидов таму ми кажаа дека и другото, со помала родилна тежина има инфекција и не е добро. Лекарите даваа различни објаснувања за причина за смртта на првото бебе што почина, еден рече срцето не издржало, друг од крварење во мозокот. Не беа усогласени во тоа, што е причината за смртта“, вели Елена.

По два дена и соопштиле дека починало и второто бебе. Објаснувањето на лекарите било дека бебињата имале инфекција и дека не биле подготвени за живот бидејќи биле родени со мала тежина. Но, за неа тоа неа тоа објаснување не е доволно. Таа смета дека бактеријата односно инфекцијата ја добиле на клиниката и тоа е причината што не издржале и така слабите срца на бебињата.

„Децата беа зачнати со ин витро во една приватна болница, со нови инструменти кои пред мене ги отворија. Контролите ги правев редовно и ниту еден резултат не покажа дека сум имала инфекција. Лекарите ме убедуваа дека резултатите не ми биле точни. Сакам да предупредам дека на таа клиника виреат интерхоспитални(болнички) инфекции кои завиваат стотици семејства во црно вели“, Ѓурчиноска.

Оваа родилка вели дека се уште нема никаков документ за смртта на двете новороденчиња.  Кога отишла да побара и рекле дека правникот е на одмор. Заради тоа била принудена да извади посмртница без потврда за смртта од клиниката.

Раскажува дека наодот од обдукција се уште не е готов. Бебињата не ги земале од клиника откако починале, вели дека не им ни кажале лекарите дека постои таква можност. Ѓурчиноска тврди дека првото новороденче воопшто не го виделе кога починало, а второто го видел само нејзиниот татко. После се, по  шокот и траумите што ги доживеала, Елена завршила на психијатрија.

„Немам сила да се појавам пред камера, се уште закрепнувам од трагедијата што ми се случи пред неполни два месеца, но ќе продолжам да барам одговор за причината за смртта на двете близначиња. Но, од се што видов можам да кажам дека на оваа клиника бебиња умираат од болнички бактерии кои виреат таму“ ја завршува својата приказна Елена Ѓурчиноска.

НОВА побара одговор од директорката на Клиниката за гинекологија,  Марија Хаџи Лега да објасни која е причината за смртта на двете близначиња на родилката Елена Ѓурчиноска. Зошто се уште нема добиено никакви документи од медицинското досие, како и потврда за смртта на бебињата. Но ниту на телефонските повици, ниту на СМС пораката, како на и официјалното барање за одговор преку електронска пошта не добивме никаков одговор од Хаџи Лега. Останува да се види дали Министерството за здравство и надлежните инспекциски служби ќе се заинтересираат да го испитаат случајот и дали има вистина во наводите дека во болницата дебиња умираат од болнички инфекции. Пред извесно време по пишувањата на некои медиуми дека за шест месеци на клиниката починале 80 бебиња, колегиумот од клиниката излезе да ги демантира наводите. Но, не покажаа никакви документи, ниту статистички податоци. Директорката Хаџи Лега не се појави во јавноста ниту тогаш.

Извор : НоваТВ