СДСМ: Прифатено е барањето на СДСМ за надзорна расправа, одговорност за поплавите мора да има

0
969

Соопштение на СДСМ:

Добро е тоа што е прифатено барањето на пратениците од СДСМ за Надзорна расправа во врска со одговорноста за хаосот со поплавите.

Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината за ужасот од поплавата.

Потфрлувањето на институциите е најголема причина за големите последици од поплавата.

Одговорностите лежат во Владата на Република Македонија, Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство, транспорт и врски, Внатрешни работи, Животна средина и просторно планирање, но и во јавниот медиумски сервис.

Овие институции работеле спротивно на законите во областа на хидрометеорологија и заштита од поплави и со тоа донесоа хаос во животите на населението.

Одговорност за последиците од поплавата мора да има.