Зоран Ставрески бега од Катица Јанева како Ѓавол од темјан – Не се одзивал на поканите на СЈО, ја киднал надвор од државата!?

0
1451

Поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески не е достапен за Специјалното обвинителство кое неколку пати го побарало за да присуствува на распит за случаите поврзани со нелегално прислушуваните разговори, дознава Нoва.

Ставрески неколку пати бил канет во СЈО, но тој не се појавил. Според нашите извори, последниот пат кога бил повикан од обвинителството, тој доставил известување за боледување, поради што нема да може да присуствува на распитот.

Извори за НОВА велат дека има сериозни индиции дека Ставрески е надвор од земјата, но засега не е познато во која држава се наоѓа.

текстот во целост порчитајте го тука.