СДСМ и Заев и денеска на терен за помош во погодените подрачја

0
1145

Денеска продолжува акцијата за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна. Претседателот на СДСМ Зоран Заев, заедно со волонтери и активисти на СДСМ, со поддршка на специјализирани возила и денеска се со жителите на скопските населби погодени од невремето, известуваат од партијата.

Активностите коишто ќе ги предводи претседателот Заев започнуваат во 11.30 часот, на влезот во населбата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје.

Акциите за помош продолжуваат во населените места Инџиково, Црешево и Смилковци а ќе биде поделана и хуманитарна помош во сите погодени подрачја, известуваат од СДСМ.