Сашо Oрдановски: Груевски толку е усран од страв, што пред некое време си изгласа закон според кој бодигарди на државен трошок и по заминувањето од власт ќе го штитат од народот!

0
1081

saso-ordanovski-540x329

Сашо Ордановски продолжува јако да го лупа режимот со главата од плочки:

Но, и тоа кај Груевски има „опачина“ која го издава. Имено, бројот на телохранителите со кои беше опкружен дури и на прославата на сопствената партија – на некои од фотографиите од тој партиски митинг минатата недела можат да се избројат девет (со бројка: 9) бодигарди во таканаречениот „дијамантски прстен“, првиот круг на безбедност, околу него, а да не ги спомнувам снајперистите по околните згради – што говори дека или самиот лидер е преплашен до смрт за сопствената безбедност, па бодигардиве играат улога на бејбиситерки за да му ги сменат пелените пред да почне „да му се цеди низ ногавица“; или дека навистина постојат безбедносни проценки оти во партијата се готви заговор за негова ликвидација (Мијалков? Ставревски? Змејковски? Чавков? … Или Коце во соработка со баба Нада?), бидејќи „камењата секогаш од блиску доаѓаат“?!

Впрочем, уште една илустрација: како тоа, со децении, уште од времето на комунизмот, неколку десетици владејачки гарнитури се чувствувале безбедно во зградата на владата (бившата Це-Ка, денешната грдотија од „Белиот дворец“), а на Грујо му дојде до тоа да дига двометарска ограда за да се оддели од „народот“ што во последниот говор го спомнува 39 пати?! Или со крвчињата на врвот од шипките на таа метална бариера се штити од Натемаго, од Ѓаволот кој ја однел шегата и ќе си дојде по своето кај оној кој нему му ја продал душата?!

Тоа е истиот оној „упрпан“ Груевски кој уште пред повеќе години си изгласа специјален закон во Собранието дека државните бодигарди ќе го чуваат од сопствениот народ и многу години откако ќе падне од власт. Всушност, колку повеќе се обидува да шири страв во државата, за да го држи народот под јарем, на Груевски толку повеќе му расте паранојата за сопствената безбедност. Но, историјата на тираниите и деспотите покажала дека кога ќе ти дојде времето народот да ти каже „Доста е!“, нема телохранители што можат да те спасат од падот од узурпираната власт.

И, да не заборавам уште една социолошка забелешка: тој момент на „блиска средба“ со изборната волја на народот нема да се види во анкетите на јавното мислење со кои редовно го опслужуваат. Тоа доаѓа од никаде, без посебна најава. Јас мислам дека Груевски со право е преплашен од сопствениот народ.

Дел од колумна обавена во Слободен Печат.