Од ВМРО-ДПМНЕ наместо телеграма со сочувство на турскиот амбасадор во земјава, Омур Шолендил, испратија телеграма до Шпреса Јусуфи, поранешна вршителка на должност амбасадор на Македонија во Анкара,Турција .
Сегашен амбасадор на Македонија во Анкара е Златко Муцунски.
Истата грешка се случи и со телеграмата за сочувство на партијата ДОМ.
Инаку, на интернет страницата на Министерството за внатершни работи податоците не се ажурирани, па таму Шпреса Јусуфи се уште фигурира како вршителка на должност амбасадор на Македонија во Анкара,Турција .