По прекинот на преговорите, Хан доаѓа во Скопје идната недела

0
1055

Последните случувања во Македонија го натераа еврокомесарот Јоханес Хан повторно да закаже патување во Скопје, во првата половина на идната седмица, информира неговата портпаролка, Маја Коцијанич, за „Мета“. Нејасно е дали неговата посета ќе се совпадне со таа на Викторија Нуланд, но САД и ЕУ се координираат.

johanes-han

Коцијанчич изјави и дека дискусиите помеѓу политичките лидери се на критична точка. ЕУ очекува од сите нив да се однесуваат одговорно и конструктивно и да работат итно и со доверба за да го решат едното нерешено прашање.

За Европската комисија, Македонија се наоѓа во тешка состојба и не смее да губи време.

„Потсетуваме дека четворицата лидери потпишаа договор на 2 јуни и го потврдија на 19 јуни. Овој договор е основа за финален компромис,“ вели Коцијанчич за „Мета“.

„Компромисот е суштински елемент во демократијата. Политичката енергија мора да се фокусира, не на партиски прашања, туку на реформи како што стои во препораките на Комисијата“, заклучува портпаролката на Хан.