Поттрчкото на Груевски, Живко Митревски исклучен од Синдикатот на УПОЗ

0
1148

Одлука за исклучување на поранешниот претседател на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) Живко Митревски од членство во Синдикатот на УПОЗ е донесена вчера на На седницата на Претседателството на Синдикатот на УОПЗ.

Според образложението, Одлуката е донесена поради тоа што Живко Митревски како член на Синдикатот на УПОЗ, подолг временски период постапувал спротивно на Статутот на Синдикатот на УПОЗ, не ги почитувал одлуките донесени од органите и телата и деструктивно делувал и влијаел врз останатите членови на Синдикатот.

„Користејќи ја својата позиција а со помош на политичка партија и функционери од истата се обиде да направи упад во Синдикатот на УПОЗ со цел за нестатутарна промена на раководството на Синдикатот на УПОЗ. Вакви упади веќе направи во Синдикатот за сообраќај и врски и во Синдикатот на одбрана и безбедност каде нестатутарно беа променети претседателите на овие синдикатите, а во овој момент упад прави во Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ) и во Агро синдикатот. Исто така тој во содејство со одредени структури во Министерството за труд и социјална политика ја попречуваше регистрацијата на синдикалните организации во надлежниот регистар при Министерството за труд и социјална политика, ги опструираше сите активности на Синдикатот на УПОЗ и политички го етикетираше.

Како претседател на ССМ со своето арогантно однесување го разнебити единството на синдикатите во ССМ, не придонесуваше за остварување на поголеми права за членовите и најчесто настапуваше во свое име наместо во име на синдикатите, ја разнебити солидарноста меѓу синдикатите, ги игнорираше нивните активностите, особено на оние синдикати кои во синдикалната борба го користеа и правото на протест и штрајк.

Иако разрешен, злоупотребувајќи ја функцијата Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски и натаму се обидува да ја попречува работата на синдикатите особено на оние кои беа иницијатори за неговото отповикување на тој начин што им ја забранува употребата на салите за состаноци во зградата на ССМ (на што нема право), и ја оневозможува нивната работа на разни недозволени начини самоволно и насилнички и им нанесува и материјална штета.

Тргнувајќи од овие оценки и констатации, членовите на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ сметаат дека ваквата одлука е оправдана дури и малку задоцнета, бидејќи деструктивното синдикално дејствување на членот на Синдикатот на УПОЗ Живко Митревски одамна е присутно во неговата работа“, се наведува во соопштението на Синдикатот на УПОЗ.