Пандев го потврди враќањето во репрезентацијата

0
1102

Напаѓачот на Џенова, Горан Пандев, го најави своето враќање во репрезентативниот дрес. Како што објави Фудбалската федерација на Македонија на својата официјална интернет страница, Пандев на средбата со новиот селектор Игор Ангеловски, потврдил дека повторно ќе го облече дресот со националниот грб.

goran.pandev

Новиот селектор на фудбалската репрезентација, Ангеловски, во вторникот во Џенова, се сретнал со Пандев кој потврдил дека ќе му се стави на располагање на селекторот за претстојните две пријателски средби кои се закажани за 12. и 17. ноември.

„Среќен сум што повторно ќе бидат дел од репрезентацијата на Македонија. Разговаравме со новиот селектор и подготвен сум да се вратам во националниот тим. Помина долго време од мојот последен настап за Македонија и искрено воопшто не ми беше сеедно. Напротив, тешко ги поднесував сите случувања поврзани со репрезентацијата, но тоа е период кој е зад нас. Сега имаме сосема друга цел. Да се обединиме и да се обидеме да бидеме успешни. На секоја репрезентацијата и треба поддршка, верувам дека заеднички ќе успееме да ја подигнеме мотивираноста и квалитетот“ – изјави Пандев за интернат страницата на ФФМ.

Пандев (32) за националниот тим дебитираше во 2001 година, тој има одиграно 75 натпревари и постигнато 26 голови.