Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе добие отштета од 20 милиони евра бидејќи не доби улога во „The Manipulator“, најновиот филм на славниот режисер Мартин Скорсезе.
Претходно, Скорсезе му понудил мала улога во филмот инспириран од животот на милионерот Алесандро Прото. Филмот ќе биде снимен во луксузниот апартман на Роналдо во Њујорк, каде претходно живееле Прото.
Милионерот одби Роналдо да глуми во филмот за неговиот живот, така што ќе добие 20 милиони евра, без да ги заработи.
„Роналдо е одличен фудбалер, но не значи дека е крал на светот. Не сакам да глуми во филмот посветен на мојот живот, Скорсезе се согласува со мене. Тој мора да научи дека во животот некогаш добиваш, а некогаш губиш. Доколку треба лично ќе му дадам 20 милиони евра“, изјавил Прото.