ОТКАКО НЕ УСПЕАЈА МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ ПРЕД СОБРАНИЕ, ДИМЧЕ АПАСИЕВ ИМА ПЛАН Б: Гандиевски ќе одбиваат да платат патарина, ќе возат по стариот пат Скопје Велес преку Јурумлери!

0
1283

Македонскиот народ, во овој историски миг, предводен од корумпирани политичари, покажа дека не е дораснат за пружање активен отпор!
Она што ни преостанува е пружањето ПАСИВЕН ОТПОР. Но, да не се се залажуваме дека тој е благ и неефикасен против тираните на власт. Ганди ја сруши најсилната светска империја благодарение токму на таквиот Отпор:

„Оној кој пружа пасивен отпор не би се потчинил на ниту еден закон кој е против неговата совест, па дури и да биде распарчен на топ! Сè додека постои правното суеверие дека луѓето треба да им се потчинуваат и на НЕПРАВЕДНИТЕ ЗАКОНИ, ќе постои и нивното ропство. Ние паднавме толку ниско што си замислуваме дека е наша должност да го правиме само она што е пропишано во државните закони!? Но, само ако човекот осознае дека е немажествено потчинувањето на законите кои се спротивни на нашата совест, никаква човечка тиранија нема да може да го пороби. Ова е клучот на себевладеењето и на самоуправата“

(Махатма Ганди – ХиндСвараџ, 1921)

#БорбаТеЧека
#БорбаЗаСлобода
#НеПочитувамТиранскиЗакони

Фејсбук статус на Димитар Апасиев