Од годинава Општина Центар ќе ги плаќа екскурзиите на основците и обезбедувањето на училиштата

0
1099

Седумте основни училишта во Центар подготвени за првиот училиштен час

Sredba-Zernovski-Direktorki-na-OU-Centar-1-540x405

Во учебната 2015/2016, во седумте основни општински училишта на територијата на општина Центар, запишани се 4.308 деца, а 576 првачиња од 1 септември ќе влезат во светот на знаењето.

Директорките, денеска на средба со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кажаа дека подготовките за почетокот на учебната година се завршени.

Градоначалникот Жерновски информираше дека од оваа учебна година, наместо родителите, како досега, обезбедувањето на училишните објекти, како и еднодневната екскурзија, ќе ги плаќа општината. Со ова значително ќе се растовари семејниот буџет.