(ФОТО) МЕГА ДОСИЕ : Латас и Ивона ептен се омрсиле! Нови афери за фаталното КУРТОНСКО РЕЖИМСКО ДУО!

0
10293

Досие за владините мегафони! Како власта на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја купуваат послушноста на Латас, Ивона и ред други владини гавази. Ова е најеклатантен пример за директна корупција од страна на власта на Никола Груевски, што упатува на сериозни индиции за сторено кривично дело.

latasIvona

ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ОД ВЛАСТА ВО СЕМЕЈСТВОТ НА ЛАТАС! Конкретно, фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ Скопје, со која што управува сопругата н братот на Павловиќ Латас, од општините што ги раководи ВМРО-ДПМНЕ, во период од 2011 до 2013-та година, добила тендери тешки околу неверојатни 2 милиони и 900 илјади евра.

3 МИЛИОНА ЕВРА ЗА ФИРМАТА КАДЕ ШТО Е ДИРЕКТОР СНААТА НА ДРАГАН ПАВЛОВИЌ ЛАТАС, ЗА ДВЕ ИПОЛ ГОДИНИ ОД ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ПОД КОНТРОЛА НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ.

1 2

Да почнеме со следните локални избори.

Оваа фирма од Град Скопје, два месеца пред локалните избори, на 31.01.2013 добила тендер за електрични инсталации за осветлување од 40 илјади евра.

Половина година по локалните избори, оваа фирма ЕЛТРА ДООЕЛ добила два тендера од Град Скпоје, на 11.09.2013 набавка на штедливи светилки, од околу 12 илјади евра и на 24.10.2013 за електрични инсталации за осветлување, бизнис од околу 101 илјади евра!

3

Од општина Гази Баба, два месеца пред локалните избори, на 10.01.2013 оваа фирма , за изградба на улично јавно осветлување добила тендер од околу 33 илјади евра.

4

Од општина Карпош, две недели пред локалните избори, на 11.03.2013 година, Стевчо јакимовски и дал на ЕЛТРА ДООЕЛ за одржување на јавно осветлување од околу 50 илјади евра!

5

Од општина Аеродром на 20 дена по вториот круг од локалнтие избори, на 24.04.2013 година. За нови лини за јавно осветлување Конески им дава на Павловиќ бизнис тежок над половина милион евра. 609.736 ЕВРА!

6

Ако се погледне периодот пред и по предвремените парламентарни избори во 2011, токму оваа фирма добила од Град Скопје, на два месеца пред изборите , на 18.04.2011 година, тендер за изработка на проект за командување и управување на јавно осветлување од 52 илјади евра.

7

Ваквата пракса продолжува и по предвремените парламентарни избори , на 12.09.2011 година, каде што оваа фирма, добила од Град Скпоје тендер за улично осветлување на дел од пат, тежок околу 80 илјади евра.

8

На половина месец по предвремените парламентарни избори, на 22.06.2011 година, Павловиќ добиле тендер од општина Гази Баба за одржување улично јавно осветлување од 33 илјади евра.

9

И оваа фирма со која управува сопругата на братот на Латас, заедно со уште 4 фирми од поранешниот градоначалник на Центар, Тодоровиќ, на само два месеца по предвремените парламентарни избори, на 5.08.2011 година добиле тендер тежок МИЛИОНИ ЕВРА!

10

Фирмата на Латас на 31.01.2013 на само 2 месец ипред локалните избори добива тендер од Град Скпоје во вредност од 2.478.000 денари!

11

Градот Скопје и овозможува нов тендер на Елтра ДООЕЛ кој та го добива и е тежок 671.700 денари!

12

Куќниот пријател на премиерот Никола Груевски, уредникот Латас, бил меѓу основачите на друштвото за комерцијални услуги ,,ЛИНЕА МЕДИА ДОО Скопје”, на здружението за развој на младинско општество ,,МЛАДИНСКИ ЛИДЕРИ-Скопје”, и фирмата ,,ТОТАЛ МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ДООЕЛ-Скопје”.

Овие информации потврдуваат регистрирање на низа субјекти на една иста адреса, Градски стадион ББ, Скопје, официјална адреса и на Сител телевизија. Ова упатува на мега медиумска афера и можна бизнис спрега на релација власт-медиуми.

Што се работеле овие новинари-уредници, преку овие фирми, паралелно со новинарската професија и за чии интереси?

16 13 14 15

Ивона Талевска се јавува како овластено лице во субјектот ,,Коперник асоциатион Скопје”, здружение на младинско општество, демократија и европски вредности, адреса Градски парк, Градски стадион ББ, Скопје.

Овие информации потврдуваат регистрирање на низа субјекти на една иста адреса, Градски стадион ББ, Скопје, официјалната адреса и на Сител телевизија. Ова упатува на мега медиумска афера и можна бизнис спрега на релација власт-медиуми

Што се работеле овие новинари-уредници, преку овие фирми, паралелно со новинарската професија и за чии интереси?

17 18

Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска се основачи на СМАРТ АНАЛИТИКС Скопје, субјект регистриран како Здружение за анализа и истражување на пазарот. Згора на се, Ивона Талевска со СМАРТ АНАЛИТИКС е овластено лице и тоа со неограничени овластувања.

Седиште на овој субјект е Градски Парк, Градски стадион ББ. Скопје-на иста локација со Сител ТВ!

Овие информации потврдуваат регистрирање на низа субјекти на една иста адреса, Градски стадион ББ, Скопје, официјалната адреса и на Сител телевизија. Ова упатува на мега медиумска афера и можна бизнис спрега на релација власт медиуми.

Што се работеле овие новинари-уредници, преку овие фирми, паралелно со новинарската професија и за чии интереси?

17 18

 

19 20

Латас, според овие документи бил меѓу основачите на здружението за развој на младинско општество ,,МЛАДИНСКИ ЛИДЕРИ-Скопје”.21 22

Како основач Ивона Талевска фигурира и во ,,Смарт центар ДООЕЛ” експорт-импорт, со приоритетна дејност ,, огласување преку медиуми” која исто така се води на Градски парк, Градски стадион ББ. Двете фирми се избришани од Централниот регистар во текот на минатата година. Овие информации потврдуваат регистрирање на низа субјекти на една иста адреса, Градски стадион ББ, Скопје, официјалната адреса и на Сител телевизија.

Ова упатува на мега медиумска афера и можна бизнис спрега на релација власт медиуми.

Што се работеле овие новинари-уредници, преку овие фирми, паралелно со новинарската професија и за чии интереси?

23 24

Лимба Талевска, поранешно техничко лице во МТВ, покрај тоа што станува сопстеничка на фирмата за медицинска опрема ,,ВИСАРИС МКД”, има уште најмалку две други фирми!

Овие податоци од Централниот регистар покажуваат дека мајката на Ивона Талевска, е сопственик/содружник во фирмата ,,СМАРТ КОМЈУНИКЕЈШНС ДООЕЛ” Скопје чија дејност е истражување на пазарот и испитување на јавното мислење.

Како е можно уредници – новинари паралелно да работеле или работат и бизнисот со медицинска опрема, маркетинг, истражувае на мислење, истражување на пазарот, комерцијални услуги? По кој новинарски стандард?

25 26

Лимба Талевска, покрај тоа што има бизнис и за медицинска опрема и за испитување на јавното мислење, таа поседува и Агенција за маркетинг, регистрирана како ,,СМАРТ ГРОУП ЛТД ДООЕЛ” Скопје.

И двете фирми, формирани во период од 7 дена, во 2011 година, во моментов се во постапка на утврдување на статус.

Ова не е се.

Како е можно уредници – новинари паралелно да работеле или работат и бизнисот со медицинска опрема, маркетинг, истражувае на мислење, истражување на пазарот, комерцијални услуги? По кој новинарски стандард?

28 27

Како Лимба Талевска, така и куќниот пријател на Груевски , главниот и одговорен уредник на Сител телевизија Драган Павловиќ Латас, освен на Градски стадион ББ. бизниси има и на други адреси.

На пример, познатиот пропагандист на власта , Драган Павловиќ е управител и на Друтво за маркетинг и пропаганда ,,ТОТАЛ МАРКЕТИНГ ДООЕЛ” Скоје, Фирма која според овој документ од Централниот регистар е активна.

Како е можно уредници – новинари паралелно да работеле или работат и бизнисот со медицинска опрема, маркетинг, истражувае на мислење, истражување на пазарот, комерцијални услуги? По кој новинарски стандард?

29 30

Исто така на ,,Илинденска”, во Карпош, Латас има Агенција за маркетинг, регистрирана како ,,МЕДИАМАКС ДООЕЛ” Скопје. Оваа фирма, регистрирана во 2011 година, во моментов е во постапка на утврдување на статус.

Како е можно уредници – новинари паралелно да работеле или работат и бизнисот со медицинска опрема, маркетинг, истражувае на мислење, истражување на пазарот, комерцијални услуги? По кој новинарски стандард?

31 32

Еве како Никола Груевски купува цели медиуми

Датум 01 Март 2013. Корисник на буџетски средства :  Влада на Р.М. Примач : Телевизија Сител ДООЕЛ Скопј. Уплатени 7 милиони и 11 илјади денари!

Цел на дознака : реализација на кампања

Каква кампања исплаќа Владата? На 1 Март? 23 дена пред избори? Дали Владата плаќа за ВМРО-ДПМНЕ со пари од граѓаните?

Ако само за еден ден Сител добива 360 илјади евра, колку пари месечно владата и два на Телевизија Сител за реклами против опизицијата премиере Никола Груевски?

33Еве ако Никола Груевски купува цели медиуми

Повторно 01 Март 2013. Корисник на буџетски пари. Влада на Р.М. Примач : Телевизија Сител , 5 милиони 842 илјади 499 денари! Во текот на истиот ден се уплатени уште толку пари на сметката на Сител, 5 милиони 842 илјади 499 денари!

Цел на дознака : реализација на кампања

Каква кампања исплаќа Владата? На 1 Март? 23 дена пред избори? Дали Владата плаќа за ВМРО-ДПМНЕ со пари од граѓаните?

Ако само за еден ден Сител добива 360 илјади евра, колку пари месечно владата и два на Телевизија Сител за реклами против опизицијата премиере Никола Груевски?

34

Еве официјален документ кој покажува дека ФИРМАТА НА ТАЛЕВСКА, ВИЗАРИС МКДДОБИЛА ОД ГРУЕВСКИ И ТОДОРОВ И БИЗНИС ВО ЗДРАВСТВОТО, ТЕЖОК НАД МИЛИОН ЕВРА!

Ова е официјалниот документ од Бирото за јавни набавки. Овој документ покажува дека министерството на Никола Тодоров склучило договор со фирмата во која мнозински сопственик е мајката на Ивона Талевска , во вредност од 62 милиона 701 илјада 048 денари.

Тоа е зделка од милион и 28 илјади евра со фирмата Визарис МКД, чија сопственчка е Лимба Талевска, а лице за контакт самата уредничка на Сител и главен и одговорен уредник во весникот Вечер, Ивона Талевска.

МИЛИОН ЕВРА, ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ, ЗАВРШИЛЕ ИЛИ ЌЕ ЗАВРШАТ НА СМЕТКАТА НА ТАЛЕВСКА.

Значи, додека едни новинари скапуваат по затворите , многумина новинари професионалци се на улица, некои чесно едвај доаѓаат до егзистенција, а други ги одработуваат агендите на власта за нецели 200 евра, оваа напредна уредничка, бизнисмен, лице за контакт. Ивона Талевска, помага да се таложат државни пари на семејно конто.

Кога Тодоров се фали со милиони евра потрошени во здравствто, сега е јасно каде одат милионите.

36

Според овој документ, Талевска 25 дена пред Нова Година, склучила бизнис со Клиниката за радиологија во Скопје, тежок најмалку 40 илјади евра. Станува збор за апарат што Клиниката за радиологија одлучила да го набави токму преку фирмата на Талевски, Визарис.

37

Оваа фирма, Визарис, е во сопственост на мајката на Ивона Талевска, Лимба Талевска и на извесен Марко Петровиќ од Белград. Значи основана со мешовит српско-македонски капитал. Тоа го покажуваат податоците од овој официјален документ од Централниот регистер на Република Македонија, изваден пред 10 дена. Самата уредничка, Ивона Талевска, како што е наведено на фактурата тешка 40 илијади евра, е лице за контакт во Визарис.

Фирмата на Талевска, Визарис, е регистрирана за трговија со медицинска опрема, апарати и информациони системи во здравството. Интересно, седиштето на фирмата Визарис, чиј сопственик е мајката на Ивона Талевска, е во Градскиот парк во Скопје, на Градски стадион, без број. Очигледно ќерката уредничка има повеќе работни ангажмани на оваа адреса.

Ивона Талевска освен уредник на вести е и лице за контакт за трговија со медицинска опрема, а нејзината мајка Лимба, од работничка, техничко лице во Македонската телевизија напредува во сопственичка на фирма, партнер достоен за Владата на Груевски за опремување клиники.

38 39

Главниот протагонист на оваа власт, уредникот Драган Павловиќ Латас, ,,се распослал” на цело брдо. Поседува голем недвижен имот, земјиште со илјадници метри квадратни во скопско Зелениково.

Еве, погледнете што се е изградено на дел од овој имот. Луксузни куќи, за кои во овој момент не може да се потврди дали се легални или не.

40 41 42 43

Павловиќ и неговото семејство немале само 3 стана во вредност од околу 400 илјади евра.

Заедно со својот брат, медиумскиот могул на ВМРО-ДПМНЕ поседува недвижен имот со површина од над 7.000 метри квадратни во општина Зелениково.

Илјадници метри квадратни , во најголем дел купени во 2011 и 2012 година. Во истите години кога Павловиќ свртел 250 илјади евра и кога семејството Павловиќ се стекнале со два стана.

44

Според овој имотен лист, број 135, од катастарска општина Градовци, Драган Павловиќ Латас поседува градежно неизградено земјиште од 4.803 метри квадратни во месотто Гуменја. Неговиот брат, на истото место, Гуменја, поседува 2.205 метри квадратни, исто така градежно неизградено земјиште.

4546

Но, овој имотен лист, број 328, катастарска општина Грдовци, открива и нов скандал. Имено, никаде во имотниот лист не стои што всушност поседуваат браќата Павловиќ и со која квадратура. Воопшто не е наведен бројот на катастарската парцела, катастарската култура, наменета, површината….

Дополнително, семејството Павловиќ поседува и друг недвижен имот, со незапишани права,и, исто така со непозната квадратура.

И скандалот не завршува тука

На дел од имтото на браќата Павловиќ изградени се луксузни куќи, за кои неможе да е потврди дали се легални, дали се во фаза налегализација или воопшто не фигурираат како имот.

47 48

Ова е едниот Имотен лист. Според којто уредникот на Сител, Латас, на 06 април 2012 година купил стан на Илинденска , во Карпош, од 107 м2 и помошни простории од 6 м2. Во вредност од околу 130 илјади евра.

ОВА ГО ПРАВИ СТАНБЕНИОТ ФОНД НА СЕМЕЈСТВОТО ПАВЛОВИЌ ВРЕДЕН 400 ИЛЈАДИ ЕВРА!

49

Тие пред да дојдат до овие два стана, живееле во општествен стан во Центар. Овој стан од 127 метри квадратни и вредност од околу 150 илјади евра, сега се води на име на сопругата.

ОВА ГО ПРАВИ СТАНБЕНИОТ ФОНД НА СЕМЕЈСТВОТО ПАВЛОВИЌ ВРЕДЕН 400 ИЛЈАДИ ЕВРА!

50

Година претходно, неговата ќерка добила ПОДАРОК СТАН. На 17 февруари 2011 година. Станот е од 87 м2 и помошни простории од 7 м2. Исто на Илинднска во Карпош. Со пазарна вредност од околу 110 илјади евра.

Очигледно некој бил многу дарежлив кон ќерката на Латас.

ОВА ГО ПРАВИ СТАНБЕНИОТ ФОНД НА СЕМЕЈСТВОТО ПАВЛОВИЌ ВРЕДЕН 400 ИЛЈАДИ ЕВРА!51

Еве што велат податоците од Централниот регистар за билансната состојба на активната фирма ТОТАЛ МАРКЕТИНГ ДООЕЛ Скопје, кадешто управител е главниот и одговорен уредник на телевизија Сител. Драган Павловиќ Латас. Уредникот Латас во оваа фирма е со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет.

Во 2010 година фирмата со која управува уредникот – бизнисмен имала приходи од 29 илјади евра.

Во 2011 година приходите во фирмата 8-кратно растат. Успешниот управител Павловиќ Латас во 2011 година направил вкупен обрт од 264 ИЛЈАДИ ЕВРА!

Во 2012 година во фирмата за маркетинг и пропаганда со која управува уредникот на Сител, Латас , влегле 242 илјади евра.

Овој мал правен субјект, со нула вработени, така е регистриран во Централниот регистар, учествувал во вкупните приходи во дејноста маркетинг и пропаганда во земјава за 2012 година, со 242 ИЛЈАДИ ЕВРА! Еве го тој официјален извештај од 17.01.2014 година од Централниот регистар.

Потоа парите се движат во непознат правец. Успешниот управител ги пријавува сите, 243 илјади евра како расход, сведувајќи ја фирмата на 0 добивка на годишно ниво. Какви расходи се во прашање, знае само управителот Латас.

Ете вака 5-та година по ред успешно работи фирмата за маркетинг и пропаганда ТОТАЛ МАРКЕТИНГ ДООЕЛ Скопје, чиј управител е главниот и одговорен уредник на телевизија Сител.

На истата адреса на Илинденска, на којашто се води оваа фирма, Латас е сопственик и на фирма за маркетинг и истражувње на пазарот МЕДИАМАКС ДООЕЛ Скопје формирана 2011 година којашто во моментов е во фаза на затворање.

На истата дареса на Илинденска , на којашто се води оваа фирма, Латас е сопственик и на фирма за маркетинг и истражување на пазрот МЕДИАМАКС ДООЕЛ Скопје формирана 2011 година којашто во  моментов е во фаза на затворање.

Овој куќен пријател на премиерот Никола Груевски, се јавува и како еден од основачите на уште 4 правни субјекти, сите 4 регистрирани на Градски стадион ББ , официјална адреса на медиумот мегафон на власта, телевизија Сител.

52

Еве што велат податоците од Централниот регистар на биланската состојба на активната фирма ТОТАЛ МАРКЕТИНГ ДООЕЛ Скопје, кадешто управител е главниот и одговорен уредник на телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас. Уредникот во оваа фирма е со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет.

53 54

Овој официјален документ од Централниот регистар покажува дека доминантен сопственик на фирмата ВИСАРИС МКД ДОО Скопје, уште при основањето е , внимавајте , не мајката Лимба , туку самата уреднчка бизнисменка Ивона Талевска. Цели 9 месеци Ивона Талевска е доминантна сопственичка на фирмата за медицинска опрема ВИСАРИС ДОО Скопје.

55 56

Што се случува. Девет дена откако е распишан милионскиот тендер од страна на министерството за здравство, Ивона Талевска се повлекува од фирмата и му ги дава акциите на малцинскиот партнер, Марко Петровиќ. Тендерот е распишан на 11 декември 2012 година, а Ивона Талевска се повлекува на 20 дкември 2012 година. ВИСАРИС МКД ДООЕЛ Скопје конкурира на тендерот и за 4 месеци го добива милионскиот бизнис од Никола Тодоров.

57Само шест месец од добиениот милионски бизнис, во фирмата ВИСАРИС МКД Скопје се враќа бизнисменката Талевска преку мајката Лимба Талевска, а самата Ивона Талевска е лице за контакт.

58

Целото криминално досие е изработено од фанпејџот на фејсбук од Ккриминалите на ВМРО-ДПМНЕ