Одлична вест за сите кои сакаат да јадат навечер: Оваа храна може да ја јадете без грижа на совест

0
1731
Никако не можете добро да се наспиете? Можеби би требало да каснете нешто пред да си легнете. Звучи добро?

Направени се многу истражувања на тема „Дали треба да се јаде пред спиење или не?“. Вообичаеното мислење е дека тогаш не треба да се јаде бидејќи така повеќе се дебелите и потешко е да се потоне во сон со полн стомак. Меѓутоа, храната богата со јаглехидрати помага за подобро спиење, тврди Алиса Рамзејев од Академијата за исхрана и дијабетес.

1

„Инсулинот може да влијае на подобар сон. Ако изедете храна богата со јаглехидрати, проади порастот на инсулин ќе имате поквалитетен сон“, вели Алиса и додава дека не треба да се прејадете. Она што секако треба да го избегнувате се намирници кои содржат кофеин, како кафе, чај или некои чоколади.

Ова се намирниците за кои Алиса Рамзејев вели дека слободно можете да ги јадете пред спиење:

» Лажица путер од бадеми на тост од житарки
» Парче овошје како јаболко или лажица од путер од кикирики
» Половина чаша ориз
» Околу 30 грама ореви и ¼ чаша суво овошје
» Половина чаша житарки со млеко
» Неколку крекери со сирење
» Половина чаша грчки јогурт