ОВА ГЛУВАРЧЕТО НА КАМЧЕВ БИЛО ЕПТЕН ОПАСНО, НЕМАЛО ИСАВ НА БИЗНИС ЗДЕЛКИ, СИ ЕБАЛО ПЕЛЕНАТА : Орце Камчев станува хотелски тајкун, покрај Ибис, стана ко-сопственик и на хотелот Мериот, а планира да гради хотел и на ексклузивно земјиште на брегот на Охридско Езеро, веднаш до Инекс Горица!

0
3876

„Орка Холдинг“ на бизнисменот Орце Камчев од декември е сопственик на речиси третина од компанијата „Дивелоп груп“, која меѓу другото управува и со луксузниот хотел „Мериот“ на скопскиот плоштад, дознава БИРН, а потврдуваат и од „Орка холдинг“. Сега Камчев е во партнерство со човекот кој претходно ја поседуваше целата компанија, 49-годишниот скопјанец Александар Ивановски познат како Алек Теранова.

Документите од Централниот регистар откриваат и дека, освен Камчев, планирано било во сопствеништвото на оваа компанија да влезе и контроверзната фирма „Ексико“.

Орце Камчев според „Форбс“ е најбогатиот Македонец и неговите бизнис потфати често беа под опсервација на јавноста и на медиумите поради блиското пријателство со поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Токму во новинарските текстови што ги поврзуваа бизнис интересите на Камчев и на поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ провејуваше името на фирмата „Ексико“, која има мистериозен сопственик од Швајцарија и која изминативе години стана дел од сопствеништвото на неколку големи македонски компании.

Линк до целата сторија ќе може да прочитате ОВДЕ.