ОВАЦИЈА ВО ЧЕШКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЗА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ КОЈ ДЕНЕС ИЗГЛАСА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

0
1590

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на Чешкиот парламент, Радек Вондрачек во рамки на еднодневната посета во Прага, Чешка Република по повод ратификацијата на протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

На средбата Премиерот Заев се заблагодари на пријателска Чешка Република, на чешкиот Парламент, Владата и граѓаните за поддршката на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес.

Парламентот на Република Чешка, гласаше „за“ и го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија, во НАТО.