„Нашите анализи покажаа дека 470 милиони евра годишно од буџетот се трошат незаконски. Тие 470 милиони евра ние ќе ги пренасочиме и ќе ги вратиме кон граѓаните. Се обврзуваме дека ќе се заплени криминално стекнатиот имот и дека ќе се вратат парите испумпани од Македонија. Затоа преземаме обврска да не може во Македонија да постои офшор-компанија без да се знае кој стои зад неа и кој е сопственикот“, изјави во Штип дополонителниот заменски министер за земјоделство, Љупчо Николовски, на новинарско прашање за економските идеи од изборната програма на СДСМ.
Николовски нагласи дека токму заради согледувањето на проблемите на жителите од истокот на Македонија, СДСМ организира средби со граѓаните, но и за да поразговараат со нив за визијата и за планот за живот во Македонија што ги има Социјалдемократскиот сојуз.
На прашањето какви очекуања има СДСМ за текот на изборите во оваа изборна единица, Николовски рече дека опстанале на ставот дека нема да дозволат да има криминални избори и ќе преземат сè што стои на располагање за да ги заштитиме луѓето од овој крај.
– Никој не смее да врши притисок, ниту во корист на ВМРО-ДПМНЕ, ниту во корист на СДСМ. Мора да има фер и демократски избори – истакна Николовски, додавајќи дека источниот регион е опустошен, раселен и осиромашен.