НЕЗАВИСЕН ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ ДЕНЕСКА ГО БЛОКИРАШЕ СКОПЈЕ И КЛУЧКАТА КАЈ ВЕЛЕС – ШТИП, ВЛАДАТА ГИ ПРИМИ И ПОДАДЕ РАКА ЗА ПРЕГОВОРИ

0
1449

Независниот синдикат на полицијата денеска излезе на протест низ улиците на Скопје, барајќи за 25% повисоки плати, јавува од терен репортерот на ТВ21.

Прва станица беше крстосницата кај МТВ. Од тука учесниците на протестот ќе се движат кон Сојузот на синдикати каде ќе го врачат писмото со барањата. Следна локација е зградата на ЕУ, и на крајот пред зградата на МВР.

Protest nezavisen policiski sindikat1

Членови на Гранковиот независен синдикат на полицијата, на шумската, затворската и судска полиција утрово, од 7 до 9 часот, ја организираа втората блокада на сообраќајот на регионалнот патен правец Велес – Штип. Блокадата e дел од нивниот протест преку кој ги искажуваат револтот од најавеното покачување на платата од 5% и барањата за подостоинствен живот и услови за работа, објави порталот Дума.

Тој во име на Гранскиот Независен полициски синдикат , шумската, затворска и судска полиција ги пренесе барањата за:

– Еднократно зголемување на платите за 25% почнувајќи од месец октомври 2019 година во полицијата, шумската, затворската и судска полиција. Почитувани министри само ако ја земете нашата плата ќе не разберете, со вашите сигурно нема. Бараме признавање на репрезентативноста на Независниот синдикат на полицијата на ниво на работодавач во МВР. Доста само владеењето на правото во Македонија е мисловна именка, додаде Коцевски.

Исто така се бара и потпишување на Колективен договор кој ќе ги опфати вработенте во шумската полиција и затворската полиција, подобри услови за работа и за живот како и владеење на правото во државните институции. Последново, особено се однесува за МВР на чиј министер, Оливер Спасовски, членовите на Гранскиот независен синдикат му порачаа конечно да престанела „секојдневната пресметка со професионалците во полициските редови, членови на независниот синдикат бидејќи срамно е за земја која претендира да биде членка на ЕУ да има секојдневна пресметка со синдикални претставници поради нивни барања за остварување на работнички права“.

Policiskiprotest2

Протестот што утрово се одржа на регионалниот пат Велес- Штип создаде долги колони од возила и камиони. Тој траеше три часа за подоцна, како што најавија, синдикалците да заминат за Скопје на Генерален протест закажан пред Јавниот радиодифузен сервис.

Средба на министрите Спасовски и Димковски со раководството на Гранковиот независен синдикат на полицијата, на шумската, затворската и судската полиција: Поздравена е отвореноста на Владата отворените прашања да се решат низ дијалог и соработка

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски се сретнаа со претставници на Гранковиот независен синдикат на полицијата, на шумската, затворската и судската полиција, со претседателот Гоце Делчев Тодев, со генералниот секретар на овој синдикат и претседателите на синдикалните организации.

На средбата е разговарано за барањата на Гранковиот независен синдикат, при што е изразена определба од страна на Владата отворените прашања да се решат низ дијалог и соработка.

Гранковиот независен синдикат ја поздрави отвореноста на Владата за разговор.

На состанокот се разгледани барањата на Гранковиот независен синдикат на полицијата, на шумската, затворската и судската полиција околу разгледување на репрезентативноста на Независниот синдикат на полицијата, нивелирање на платите и овластувањата на сите полицајци во државава, за покачување на вредносниот бод за сите шумски полицајци и исплата на средствата за прекувремени работни часови, како и барањето за зголемување на платите во полицијата, шумската, затворската и судската полиција, при што е реафирмирана одлучноста на Владата за најавеното покачување на платите во јавниот сектор за 5 проценти оваа година и за постоечките заложби за натамошни покачувања согласно буџетските можности од наредната година.

Договорено е соработката да продолжи на министерско ниво и низ разговори и разбирање, согласно Законот за работни односи и согласно постоечкиот колективен договор да бидат изнајдени соодветни решенија за посочените теми.