НА ГЕРО И НА ЈОЦИ ИМ УСПЕА СТРАТЕГИЈАТА : Миле Јанакиески пуштен во домашен притвор!

0
1351

Откако се дигна голема галама околу наводниот инцидент во затворот во Шутка каде наводно биле претепани па раце и нозе скршени на екс министрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски, планот на Геро и Јоци очигледно им успеа. Успејаа да убедат дел од јавност дека овие се навистина жртви на “хунтата” на Заев а притоа секако Геро почна да ги плука советниците на Заев како абер немале и како ете тој им се нуди на советодавната клупа.

Инаку, постапувајќи по жалби на одбраната на М.Ј. и С.Р. изјавени против решенија на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кои решенија им се определи мерка притвор во траење од 30 дена, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска одржа јавна седница во присуство на странките.

По произнесување на странките, како и ценење на фактите и доказите приложени во жалбите и решенијата на судија на претходна постапка, советот донесе решенија со кои: Жалбата на обвинетиот М.Ј. се уважува, а решението на судија на претходна постапка се преиначува со тоа што спрема обвинетиот се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП и се забранува на обвинетиот комуникација со лицата опфатени во кривично правниот настан без дозвола од судот.

Жалбата на обвинетиот С.Р. се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка.