СООПШТЕНИЕ НА ВМРО-ДПМНЕ : СДСМ САКААТ ЕУ И НАТО, НИЕ САКАМЕ ДА СЕ ЗАТВОРИМЕ ВО НЕКОЈА ПЕШТЕРА, ДА ПРДИМЕ ТАМО И ДА НИ БИДЕ ВРУЌО

0
1103

Ако продолжи врхушката од СДСМ да вработува свои роднини во администрација за дебели хонорари просечната плата ќе расте, а огромниот број на граѓани ќе осиромашува. Граѓаните многу добро ги чувствуваат по својот џеб погрешните политики на овој криминален картел на власт.

Впрочем дека се работи за статистичка гимнастика и нереален раст на плати говори и фактот што власта го укина условот за раст на пензиите кој беше поврзан со растот на просечната плата. Да постоеше навистина реално растење на платите и повеќе пари во македонската економија тогаш немаше да биде проблем и пензиите да растат со пропорционалното растење на платите. Но, реалноста е дека преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата. Лагите на СДСМ се провидни и граѓаните веќе ги имаат разоткриени. За ова ќе бидат казнети на избори и со тоа ќе почне демонтирањето на криминалниот картел на власт и деспотот Заев – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.