Мијалков дубоко повреѓен и увреѓен оти Ванхоуте му се развикал!

0
1188

Појавувањето на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, на преговорите за договор за закон и избор на специјален обвинител, според извори на Либертас, не било единственото изненадување.

vanmij-540x254

Ваднаш откако Ванхоуте даде јавна изјава во која кажа дека една голема партија го кочи процесот за избор на специјален обвинител, Сашо Мијалков лично решил да се приклучи на тимот на ВМРО-ДПМНЕ и најверојатно да проба да ги расчисти работите.

Извори на Либертас упатени во преговорите велат дека братучедот на премиерот веднаш на почетокот на завчерашната партија преговори почнал да му објаснува на олеснувачот Ванхоуте дека предлог-законот за специјален обвинител за кој водат преговори е неуставен.

Ваквиот директен атак од екс шефот на УБК, преговарачот Ванхоуте не можел дипломатски да го премолчи туку напротив, го повишил тонот и буквално пред сите останати од партиските тимови за преговори го построил.

Откако Ванхоуте завршил излегол од просторијата, а Мијалков навреден од тонот со кој му се обраќал Белгиецот, искоментирал – од каде вакво право странецот вака да разговара со нив. Присутните биле збунети и само му дофрлиле дека олеснувачот не разговара на ваков начин со нив, туку дека тоа прв пат му се случува и се однесувало само за него.