МЕГА БОМБА : Мијалков се фалел дека тој е најмоќен во државата и, според Богоевски, му побарал 2,5 милиони евра на Контаминас

0
11122

Во дел од сведочењето на екс шефот на македонската тајна полиција и, поранешен советник на Владата – Слободан Богоевски, дадено пред адвокатите на американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ), а во случајот со Маѓар Телеком и неговата ќерка фирма – македонскиот Телеком, Богоевски детално ги опишува сите операции и активностите во кои учествувал како посредник, ангажиран од контроверзниот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас. Во ова сведочење се спомнуваат и премиерот Никола Груевски и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

bogoevski-mijalkov

Во продолжение погледнете што посведочил Богоевски за Мијалков и неговиот братучед Никола Груевски:

СБ-Кога Павле Трајанов му ги даде документите на премиерот Никола Груевски, премиерот вети дека целата постапка ќе има разрешница, дека тоа ќе се заврши, но тоа никогаш не се случи. Напротив, набргу потоа, преку посредник, вработен кај Контоминас, Емануел Малесис, познат како Маноли, не сум сигурен, претпоставувам, претходно бил информиран дека тие го имаат оригиналот; беше организирана средба меѓу братучедот на премиерот, Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Емануел Малесис и Димитрис Контоминас, во хотелот Кемпински во Солун. Тоа беше прва средба на Контоминас со Сашо Мијалков. Од оваа средба произлезе следното. Дека нашите владини претставници ќе ја запрат кривичната истрага против директорите на Македонски Телеком, особено против Димитрис Сигалос и Атила Сендреи, Димитрис Сигалос беше директор на Нетфон, …“

П: Што му рековте на г. Малесис, ако воопшто му рековте нешто?

О: Само му кажав дека – дека целиот процес – целиот процес е против мене и двајцата адвокати и дека играат – (пцовки) нечесни игри. И дека единствениот начин да бидам уценуван и контролиран од семејната влада, која има многу блиски односи долги години со Контоминас, од 200 година наваму. Пријателството – нивното пријателство датира од – значи пријателството меѓу Малесис и Груевски започнува во 2000 година, кога (не се слуша) од Скопје беше продадено на Хеленик Петролеум за без пари, прилично. А зделката и договорот потоа – договорот беше потпишан од Никола Груевски, во тоа време – .

Од г. Доџ: Што друго Ви кажа г. Малесис?

Г-ѓа Фрајд: Приговор.

Сведокот (С.Б.): Рече дека се многу можни во Македонија за да прават сѐ и ако го споменам тоа бидејќи бев сведок во нивното преговарање за запирање на истрагата, дека ќе – дека ќе добијам одговор од премиерот и братучед му сашо Мијалков.

Од г. Доџ: Дали го сметавте тоа за закана?

Г. Хил: Приговор.

Г-ѓа Фрајд: Приговор.

Сведокот (С.Б.): Тоа е постојано уценување.

П: Кажете ми за третата средба со г. Малесис; кога било тоа?

О: Тоа беше во декември 2014 година. Тоа беше во првите неколку дена, првите пет дена, не можам точно да се сетам на денот, но тоа беше во првите пет дена од декември кога тој пристигна во Скопје за да се сретне со Сашо Мијалков, кој ми кажа дека ќе ни се суди – дека ќе ни се суди и – но ако јас – ако ја држам устата затворена, ако не кажам ништо како претходно што бев кажал, дека –  за 6 месеци, дека случајот ќе се затвори, само ако не зборам за криминалните aктивности помеѓу Сашо Мијалков, Груевски и Контоминас. На тој начин, тие сакаат да ме држат под контрола бидејќи можта е – во Македонија – е во рацете на тоа семејство.

РД: Кој Ви ги кажа сиве овие работи? Како ги знаете сиве овие работи?

СБ: И Контоминас и Кефалојанис, бидејќи подоцна во неколку наврати се сретнав и со Контоминас и Кефалојанис, и во Атина и во Солун.

РД: А, ова е во 2008 година, така?

print-skrin-prevod-1024x405

СБ: Во 2008 година. Веднаш по средбата во Кемпински, бидејќи Мијалков бараше 2 милиона евра за да ги повлече потрниците и 500,000 евра за адвкатската компанија Цукиќ и Марков, за правни услуги, Контоминас, отпрвин, не веруваше дека тој (Мијалков) има таква моќ. Тој (Мијалков) се претстави „Јас сум дури и поголем од премиерот, јас го направив премиер, нема потреба да разговараш со него, сѐ што знаеш можеш да ми го кажеш мене.“ Бидејќи Контоминас забележа дека е зависник од дрога, зависник од кокаин е, се исплаши и ме повика да ми го каже предлогот на Мијалков, во смисла дали навистина може да му верува на овој млад човек. Му реков дека е вистина, дека премиерот без него не може да стори ништо и дека ако има некаква намера да разговара со нив, дека е на вистинската адреса. Потоа тој ми кажа дека парите кој ги побарал од него (Мијалков) не се проблем како што е проблем тоа дали тие ќе ги повлечат меѓународните потерници и ќе ја запрат истрагата. За таа цел, тие му предложиле дополнителни бизнис планови во Македонија, претпоставувам се сеќавате на продажбата на зградите на „Македонси телеком“, каде три згради беа дадени за една зграда која беше сѐ уште во градба на плоштадот во градот и плус „Македонски телеком“ да плати дополнителни 16,5 милиони евра, што е бесмислено. Но се направи така, како и да е. Тие заедно направија заеднички компании со Контоминас во областа на недвижностите, греењето, во бизнисот со телекомуникациите, а соработката која Контомиснас ја имаше со Бучковски сега продолжи со премиерот Груевски и братучед му.

Текстот е преведен од сведочењето на Богоевски за Македонски телеком во продолжение можете да го погледнете сведочењето на англиски во целост.

Преводот е преземен од Либертас