Малески: Амбасадорите протестираа пред владата

0
1123

Ви пренесуваме дел од колумната на Денко Малески за Плусинфо:

По втор пат, странските амбасадори прават еден дипломатски преседан: демонстрираат пред владата на земјата домаќин во која се акредитирани. Демонстрираат!

Имено, да се застане пред влада на една суверена држава, јавно да се прочита соопштение и да се замине, како што тоа го сторија амбасадорите на највлијателните држави на ЕУ и на САД, е најсериозен знак на протест против поведението на владата, која е репрезент на политиката на земјата во целина. Тоа, исто така, открива дека нема резултат од досегашните разговорите со претседателот, со претставници на влада и со нејзиниот премиер, надвор од очите на јавноста, вообичаениот начин на делување на дипломатите.

Иако не познавам таква пракса во друга земја во светот, еве, веќе втор пат, странските претставници го манифестираат своето незадоволство на начин на кој тоа го правеа стечајците, студентите или другите незадоволни групи во македонското општество: пред владата. Во конкретниов случај, ако тоа го прават пристојни и образовани луѓе, кои знаат која е улогата на дипломатски претставници во земја домаќин, тогаш проценката е дека нивните држави се многу загрижени за нашите внатрешни состојби и за иднината на евро-атлантските интеграции.

Натаму, ваквата јавна демонстрација со која тие се изложуваат на опасноста и да бидат прогласени за непожелни личности, кажува дека комуникацијата со владата, односно нејзиниот прв човек, е фактички прекината.

Целата колумна прочитајте ја на Плусинфо на следниот линк ОВДЕ.