КОМЕДИЈА ВО КРИВИЧЕН СУД: Грујче се криеше од камерите позади својот адвокат, неговите адвокати побараа камерите да не го снимаат, се грижеле за неговиот имиџ?!?!?!

0
4309

Во кривичниот суд почна судењето за уривањето на станбениот комплекс „Космос“. Одбраната побара да нема снимање од страна на медиумите во судницата, а судот го одби барањето и дозволи. Судењето ќе се снима тонски и визуелно, пренесе Макфакс.

Адвокатот Димитар Дангов побара да не се пишува тоа што се зборува во судницата, односно да не се води стенографски записник бидејќи судењето се снима. Според одбраната на обвинетите, камерите се свадбарски. Судијата Оген Ставрев рече дека нема пречки за одржување на судењето и побара да се почне со воведни говори.

Во предметот првообвинет е екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Покрај него, обвинети се уште шест лица: ексминистерот Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Истрагата за предметот со кодно име ТНТ беше отворена во април 2016 година, а летото 2017 година Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт.

Специјалното јавно обвинителство бараше притвор за Трајковски, но Апелациониот суд во Скопје, наместо таква мерка, му го одзеде пасошот и му наложи еднаш неделно да се јавува во судот. За овој предмет 26 бомби се докази во постапката.

Видео – Макфакс