Кирацовски со честитка до Николовски: „Гази напред другар мој- Твојот успех ќе биде и мој!

0
1308

Александар Кирацовски кој вчера беше сменет од функцијата генерален секретар на СДСМ, му ја честиташе функцијата на неговиот новиот генерален секретар на партијата Љупчо Николовски.

Кирацовски му честиташе на новиот генерален секретар на партијата Љупчо Николовски и рече дека Николовски се нафаќа, буквално, на една од неколкуте најтешки позиции, во чие практикување нема да биде сам, ќе ја има целата негова поддршка, поддршката од претседателот Заев и останатите истакнати сопартијци.

-Му честитам на мојот другар Љупчо Николовски, наследник на функцијата Генерален Секретар на СДСМ, за неговиот избор и му посакувам многу успех проследен со здравје и мудрост.
Љупчо е исклучителен човек, добар другар со вредности кои го издвојуваат.
Се нафаќа, буквално, на една од неколкуте најтешки позиции, во чие практикување нема да биде сам, ќе ја има целата моја поддршка, поддршката од претседателот Заев и останатите истакнати сопартијци.
Неговиот успех, ќе биде наш заеднички успех, а кон постигнување на истиот сите ние треба да бидеме негова поддршка, но и да имаме големо разбирање за неговата позиција, неговите постапки, неговите предизвици и бројните секојдневни обврски.

Гази напред, другар мој!

Фејсбук статус на екс ген. секретарот на СДСМ, Александар Кирацовски.