ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА ОД ВИЛИПЧЕ ЛИДЕРО ПЕТРОВСКИ НА СМЕТКА НА МИЦКОВСКИ: Од Бејли му е ветено дека ќе биде премиер ако помогне за референдумот и договорот со Грција!

0
3096
Не знам за вас ама на мене ми делуваат мошне ПРИГЛУПО текстовите нарачани од Иво, а спроведени од пропаднатата медиумска камарила, која патем беше една од причините и за паѓањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ. На дечкиве упорно не им доѓа памет, не се отрезнуваат и никако да разберат дека во ова ПОСТ СОШЛ НЕТВОРК време не можеш да ја лажеш и контролираш масата (како што они мислат за народот) со нарачани текстови на медиуми кои никој не ги чита или телевизии кои никој не ги гледа. Ова времево бара брзо адаптирање и прилагодување, многу учење и примена на стекнатите знаења. Фејсбук го менува алгоритмот безмалку на дневна основа. Доаѓаат нови генерации кои тоа го апсолвираат во движење и од тоа создаваат свој бенефит со своја појавност и свое место како креатори на јавното мислење. Од друга страна имате разни Миленковци кои застанале во времето или пак она што го принаучиле го тргуваат како суво злато во БЕЛАТА ПАЛАТА. Причината е проста. Таму ординираат и канцеларии зафаќаат ДУДУЦИ кои појма немаат што се случува надвор или реалноста си ја формираат во тесен круг на климачи со главата. Знаете кои нели?! 😁😁😁 Често го споделувам текстот на Венко Андоновски – Негативна селекција. Па ако не го знаете провозете се по профилов ќе го најдете. Или ќе го приложам во коментар како линк. Е овие ДУДУЦИВЕ се со одлучувачка моќ и на шефот му викаат – шефе не се секирај се е под контрола. И шефот спие на тоа уво. Може да смета дека ТАЈНИОТ ДОГОВОР ШТО ГО НАПРАВИЛ ЗА ДА СТАНЕ ПРЕМИЕР АКО ОДМОЛЧИ ДВОЈАЗИЧНОСТ И ПРОМЕНА НА ИМЕ ОДИ КАКО ПО НОТИ. Но, дали е баш така? Додека они спијат на тоа уво дека нивните истурени фигури Т.П и С.К. го умртвуваат отпорот на народот со месеци всушност се случи ПРЕРОДБА. Се случи нешто што беше незамисливо и нешто од кое што најмногу се плашат. Народот се самоорганизираше и преку поединци, невладини и партии се ОБЕДИНИ.

Сега шефот останува без чергиче под нозете. И додека едните на ЦЕЦА, а другите на ВанБурен или нешто слично, лабави, се забавуваат опуштени ко ништо да не се случува народот е на бездер и бара начин да си ја сочува државата. И најде! Тоа што седам со Палчо, Солза, Бачев и стотици други е последица на исто мислење за проблемите на државата. Тоа истомисление го воочивме на барикадите. Таму каде што го немаше шефот, лидериштето. А го бараа. Но го немаше. Народот го бара ВМРО за да почувствува заштита. Ама не ја добива. И сега ние сме ти биле РУБЉА ПАТРИОТИ. Ок. Сакате така. Тогаш да одговори ДПМНЕ зошто во хотел МОНТАНА во Крушево после говорот на Иванов на Мечкин Камен околу тројцата потпретседатели и ген секот (сите произлезени од нелегитимен конгрес) имаше десетина оперативци на ДИП СТЕЈТ. Случајност? Не верувам.
И сега додека рубљите никој не ги видел (повикувам кој има доказ да го објави) оперативците на ДИП СТЕЈТ ги видоа сите.
Ова оправдано ми дава за право да сметам дека хајката врз нас ја раководат структури кои за жал ја користат БЕЛАТА ПАЛАТА како своја продолжена рака, а тамошните компромитирани ликови наседнати насила против вољата на членството ги третираат како најобични извршители. Шмизли.
Шушумиги не ви е крив Бачев, нити Филип. Криви сте самите. Народот е во зандани. Луѓе се малтретираат секојдневно. Се апсат. Се отпуштаат од работа. Се шиканираат. Исмеваат. А вие седите во палатата и си делите идни директорски места. И очекувате некој да испие дневна доза нафта и да поверува во вашите ефтини пропагандистички памфлети. Ајде на дуел. Кој сакате, кога сакате, колкумина сакате. Може да ви се даде бројчана предност во студио поради принципот на негативната селекција според кој сте се набутале и го злоупотребувате ВМРО. Ајде да се објасниме. Очи во очи. До кога ќе се криете? 😁😁😁
Но не. Полесно ви е тие што ви должат да објавуваат памфлетчиња, а во ЕЛЕМ на пример да не им фали влакно на глава. Нели ви е чудно што Заев не ви ги дира само функционерите? Да не сте му дале список? Сакате да фрлиме некои имиња во рингот?
ВМРО беше создадено да ги штити интересите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД а не на врхушката. Дебело сте во офсајд. Ќе се свртите и ќе се чудите што ве снашло.
#Бојкотирам
#ДолуЛажнитеИдоли
#НегативнаСелекција
#Дудуци
#ВмроНаВмровците
Сепак може да здивнете. Сега за сега сте небитни како збирштина, што би рекол Трамп МОЧУРИШТЕ. Далеку далеку побитно е да се спаси името и да се урне референдумот.
#ДаЖивееТрамп
#ДаЖивееПутин
#КајСеДоларитеИРубљите?
П.С. пренесете му на “ЛИДЕРИШТЕТО” ако дојде и ја потпише декларацијата БОЈКОТИРАМ дека може да го води отпорот. Во рамките на тој чин од мене ќе има ПОВЛЕКУВАЊЕ и нема да му пречам/пречиме со ништо.

Фејсбук статус на Филип Петровски