ЗАЕВ СЕ ПОФАЛИ ОД ТРИБИНАТА ВО ВЕЛЕС : СДСМ стана дел од Прогресивната алијанса, продолжуваме да градиме прогресивно едно општество за сите

0
1049

Доаѓам од настан каде се зборуваше за прогресивниот свет, солидарноста, помагањето, развојот и подобрување на животниот стандард. Чест ми е што станавме дел од Прогресивната Алијанса, која се бори за чоевековите права, за еднаквоста, за спористваување на радикализмот, а токму тоа ние го правиме и дома, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Велес.

Од Велес, од центарот на Македонија кој секогаш ги спојувал истокот со западот, со северот и југот ја испраќаме пораката дека продолжуваме по вистинскиот, правиот пат.  Изразот за почит кон мене и кон оваа влада е почит кон нашиот народ. Затоа, да останеме на правиот пат, тоа е патот којшто не носи напред. Нашата држава е мултиетничка, но сите сме еднакви затоа ја градиме како едно општество за сите и тоа ќе продолжиме да го правиме затоа што силно веруваме во него, истакна претседателот Заев.

https://www.youtube.com/watch?v=_3mLHavQ-1o