Заев: Секој ден се среќаваме со Ахмети, внимателно работиме со цел да придонесеме за мирен трансфер на власта

0
1598

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека не крие дека постојано е на линк со партиите од албанскиот блок, односно со партиите кои го сочинуваат мнозинството.

„На денешниот состанок со лидерот на ДУИ разговарале дали да се вклучат во собраниската дебата или сè уште да молчат.

Тој рече дека внимателно ги избираат чекорите до целта, за да избегнат било какви инциденти или немири кај граѓаните.

Секој ден се среќаваме со коалициските партнери, внимателно работиме со цел да придонесеме за мирен трансфер на власта, а првично одблокирање на Парламентот и избор на претседател“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Инаку, денеска, во првиот дел од собраниската седница, речиси цело време тој беше во собраниската клупа заедно со пратениците од неговата партија.