(ВИДЕО) ЗАЕВ ИМ ЗГРМИ НА ВМРОВЦИТЕ И ДУИ : ИДНИОТ МАНДАТАР НА ВЛАДА ЌЕ БИДЕ ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ, ПРЕМИЕР ЌЕ БИДАМ ЈАС!

0
1299
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на новинарско прашање за предлогот на ДУИ за премиер Албанец, одговори дека таквото барањето како услов за коалиција е застарен начин на водење политика, инвестирање во поделби, наместо во интеграција.
„ Ултиматум не треба ниту Заев, ниту Мицкоски ниту Ахмети, ниту било кој да прифаќа. Преговори во партиите постоеле и постојат, прв пат изнедривме мултиетничка коалиција со учество на сите етникуми. Тоа е најсериозната и најсилна гаранција за граѓанскиот концепт и за нашата идна победа која ја очекуваме, како пренесена одговорност од страна на граѓаните за следните 4 години. Треба да им биде јасно на сите, јас себе си и мојот СДСМ го сметам за основоположник на концептот „едно општество за сите“.
Денеска, во СДСМ имаме потпретседатели на партијата, членови на централниот и извршниот одбор, насекаде по органите и телата на партијата, министри, пратеници во Собранието, директори на јавни институции од СДСМ од сите етнички заедници.
Ултиматумот на ДУИ за премиер Албанец, е само национал-популистички концепт и верувам дека и поради тоа ќе изгуби ДУИ.
Граѓаните треба кандидатите, почнувајќи од мене па до сите, да ги гледаат во политиката рамноправно и еднакво како кадарни, квалитетни, посветени луѓе кои изградиле свој кредибилитет и се подготвени следните четири години целосно и чесно да се посветат на служење на граѓаните.
Оттука, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ остануваат заедно во опозиција, и ДУИ со ваквиот наратив си помагаат да поминат во опозиција. Навистина после 17 години власт, здраво е и за државата ДУИ да помине во опозиција, а здраво е и за нив за реформирање и подобрување, но тоа на крај граѓаните ќе го определуваат на изборите.
Идниот премиер ќе биде од СДСМ, јас сум идниот мандатар за претседател на Влада“.